ЗАМИНУВАЊЕТО НА ЗАЕВ


КОЛУМНИСТ: ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ - Поранешен полициски инспектор и претседател на невладината организација ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола

Г-дин Заев и неговите блиски соработници ( Шекеринска, Димитров, Филипче„ најдобриот министер“со над 8000 починати од Ковид) ќе заминат на буништето на македонската историја откако политички и економски го уништија македонскиот народ и држава, (го намалија стандардот на граѓаните со секојдневните поскапувања на основните артикли потребни за живот, вештачки од незнаење или намерно предизвика здраствена и енергетска криза особено со ненавремено ископување на јаглен за произвоство на струја). Тоа е и смислено направено со цел да од Косово увезуваат јаглен како вели нашиот народ да вртат тркалата, а тие да трупаат пари. Но ќе заминат и како негативни личности и како предавници на својот род. Го сменаа уставното име, ги сменаа називите Македонски од државните органи (Македонски шуми, Македонски народен театар, Македонска филхармонија, одеа до тие крајности да со брусалици го стружат 16-то крако знаме и сл.), а наводно го забетонирале македонскиот идентитет, од Уставот го исфрлаа АСНОМ и го вметнаа рамковниот договор. Со Грција потпишаа Преспански договор, со кој договор ја загрозија независноста на Македонија и ја доведоа во потчинета и уцената положба, се откажаа од македонското малцинство таму, се откажаа од славната Македонска историја на Александар Македонски, од македонската култира и сл. На спомениците во РМ градени со македонски пари поставија натпис да потекнуваат од Хеленската историја. Со Бугарија преговараат за немешање во внатрешните работи во двете држави, но Бугарите се мешаат во внатрешните работи на Македонија со тоа што измислените бугари во РМ ќе влезеле во македонскиот Устав, а реципрочно Македонците не во бугарскиот Устав иако тамошните Македонци во Стразбург имаат добиено 16 пресуди за нивните човекови права, ќе ја сменеле македонската историја, култура, ќе ги рехабилитирале жртвите од времето на комунизмот кои наводно биле Бугари и се бореле за бугарска кауза во Македонија и сл. Албанското малцинство во РМ го издигна на мнозински народ и ја подели Владата на албанска и македонска, албанскиот јазик го направија службен јазик на целокупна терторија на РМ и онаму каде не живее ниту еден Албанец, со тоа Македонија ја албанизира иако за време на НОБ загинаа 40.000 Македонци кои и ја создадоа Македонија. Но и економски ја опустошија Македонија со огромната задолженост, со неградење на афтопати, со секојдневно поскапување на основните производи потребни за живот како и храната, енергетски деривати и сл. Ете тие накратно би биле „успесите“ на Заев и неговите соработници. Македонскиот народ со цел да не дозволи да ни се повторува доаѓање на власт на такви личности треба јавно да ги осуди со постојано нивно игнорирање преку медиуми, но и постојано исвиркување каде и да се движат. Истите во македонската историја ќе бидат запишани како негативни Македонци и искрено се надевам да еден ден ќе одговараат кривично за извршените кривични дела „ Велепредавство“, „Загрозување на независноста“, „Измама“ и други кривични дела од Кривичниот законик на РМ. Злото и раните кои му ги нанесоа на македонската држава и народ тешко ќе се избришат и излечат, ќе биде потребно време за тоа, но и Влада промакедонска на која преоритет ќе им бидат македонските национални интереси, а не богаството и алчноста за власт.


На повидок е формирање нова влада од СДСМ, а како мандатар е назначен од Заев Г-дин Ковачевски кој врши промена на министри само од СДСМ, но не и од ДУИ како тие во минатата влада да имаа огромни резултати од кои граѓаните се офајдија. И од оваа влада не очекувам подобрување на севкупните состојби во РМ, бидејќи мандатарот е донесен по предлог на Заев, а не избран на избори, тој само ќе ја продолжи политиката на неговиот шеф, а тоа го гледаме со спроведување на договорот на Заев со Алтернатива која партија има минимален број на пратеници, а агромен број на министри и останати функционери.


10.01.2022 год.

Б и т о л а


29060043_2016680208590936_36926234558838