Атлетико Мадрид е новиот шампион во Ла Лига!


Денес заврши и шпанската Ла Лига, Реал Мадрид се надеваше на чудо во последното коло, но тоа чудо не се случи – Атлетико е новиот шампион!


Во денешните натпревари Реал Мадрид си ја заврши својата задача, но Атлетико не дозволи чудо. По првите 45 минути Реал имаше негатива со голот на Пино во 20.минута. Предноста на Виљареал беше актуелна се до финишот од натпреварот кога Бензема и Модриќ погодуваа за победа.


Атлетико од друга страна не препушти ништо на случајноста и славеше против Ваљадолид кој на овој начин испадна од Ла Лига. На полувремето „јорганџиите“ имаа негатива од 1:0, Плано погоди во 18. минута. Двата гола во вториот дел за Атлетико ги постигнаа Кореа и Суарез.


Барселона која претходно отпадна од игра за титулата денес славеше против Еибар со 0:1. Голот за Каталонците го постигна Гризман.


РЕЗУЛТАТИ ЛА ЛИГА: Селта – Бетис 2:3 Еибар – Барселона 0:1 Елче – Атлетик Билбао 2:0 Хуеска – Валенсија 0:0 Осасуна – Реал Сосиедад 0:1 Реал Мадрид – Виљареал 1:1 Ваљадолид – Атлетико Мадрид 1:2

29060043_2016680208590936_36926234558838