Дарко Димитров од Ротердам: Hurricane ќе го обелат образот на целиот Балкан, криво ми за Македонија


Дарко Димитров, еден од најдобрите македонски автори, познат и надвор од границите на земјава, е потписник на темата „Loco, loco“, со која српската група Hurricane се претстави на Евровизја. Вели дека не се оптоварува со победа. За него е битен целокупниот настап и енергијата која девојките ќе ја споделат на сцената.

„Благодарам на честитките за пласманот во финалето и поддршката од нашиот народ. Пресреќен сум што девојките се одлично прифатени од публиката ширум Европа. И во Ротердам, сите реагираат многу убаво на нивната појава. Добро е што ја темпиравме формата од првата до последната проба. Тие на секое појавување на сцената беа се подобри. Синоќа ја размрдаа сцената со нивната енергија. Се надевам дека тоа ќе го направат и во финалето. Ќе го обелат образот на целиот Балкан. Криво ми е што Македонија не се пласира во финалето. Исто така и Хрватска“, открива авторот.

Димитров има големо евровизско искуство. Соработувал со голем број пејачи учесници на Евровизија. Пред две години, беше еден од авторите на песната „Prоud“, која Тамара Тодевска ја отпеа на изборот во Тел Авив, Израел.

Повеќе детали на Женски магазин.

29060043_2016680208590936_36926234558838