ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: Власта отпадното масло го користела како мазут, здравјето на граѓаните загрозено


ВО МАКЕДОНИЈА СВЕСНО Е ТРУЕНА БИОЛОШКА РАЗНОЛИКОСТ, СО ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ПРЕКУ УВОЗОТ НА ОТПАДНО МАСЛО КОЕ БИЛО ДЕКЛАРИРАНО КАКО „МАЗУТ“

Биолошката разновидност често се разбира во смисла на широк спектар на растенија, животни и микроорганизми, но исто така вклучува и генетски разлики во рамките на секој вид, како на пример помеѓу сорти на земјоделски култури и раси на добиток . Разновидноста на екосистемите (езера, шуми, пустини, земјоделски предели...) водат повеќе кратни интеграции помеѓу луѓето, растенијата и животните. Ресурсите на биолошката разновидност се столбови врз кои човештвото ги гради цивилизациите. Рибите обезбедуваат 20% од животинските протеини на околу три милијарди луѓе. Над 80% од човековата исхрана е обезбедена од растенијата. Околу 80% од луѓето што живеат во руралните области во земјите во развој се потпираат на традиционални лекови базирани на растителни производи за основна здравствена заштита. Но, загубата на биодиверзитетот им се заканува на сите, вклучително влијае и на нашето здравје. Докажано е дека загубата на биолошката разновидност може да ги прошири зоонозите-болести пренесени од животни на луѓе, а од друга страна ако ја сочуваме непроменета, таа нуди одлична алатка за борба против пандемиите како оние предизвикани од коронавирусот. Иако расте сфаќањето дека биолошката разновидност е глобално средство со огромни вредности на идните генерации, бројот на видови значително се намалува со одредени човечки активности. Еве на пример со увозот на отпадно масло кое било декларирано како „МАЗУТ“ а всушност е отпадно масло од земјите на ЕУ, каде користењето на истото е незамисливо. Токму ова масло се користело во големи комбинати како "Фени" , "Брако" , како и голем број на болници во Македонија од 2018 година. Ова масло во ЕУ е строго забрането за користење во урбани средини . Наменето е за користење само за прекуокеанските товарни бродови и термоелектрани далеку од урбани средини. Значи свесно е труена нашата биолошка разноликост со енормно загадување на воздухот причинето со согорување на штетни отпадни масла и тоа за профит на некои наши бизнисмени блиски со власта. Бидејќи глобалната заедница е повикана да го преиспита нашиот однос со природата, едно е сигурно - и покрај сите наши технолошки додостигнувања ние сме целосно зависни од здрави и живописни екосистеми. Треба да се обединиме и да имаме силна желба во глобална рамка да ја „свиткаме кривата “ на загуба на биолошката разновидност во корист на луѓето и целиот жив свет на Земјата . Затоа да ги „покажеме со прст“ сите оние субјекти кои на било кој начин ја загадуваат и трујат животната средина и да ги санкционираме особено оние кои свесно за лична придобивка -профит не трујат нас и природата. ДОСТА Е!!!

Комисија за животна средина ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838