Заев во Утрински брифинг, ќе се затворат РЕК БИТОЛА И ОСЛОМЕЈ


Ќе поскапува цената на струјата во Македонија. Тоа го потврди и премиерот Зоран Заев кој за „Утрински брифинг“ рече дека ако сакаме зелени програми, цената на струјата мора да расте.

– Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК БИТОЛА, и ОСЛОМЕЈ, рече Заев.


Извор: Вечер

29060043_2016680208590936_36926234558838