Шеќеринска: Никој од нас не ветил дека во рок од мандатот ќе станеме членка на ЕУ, затоа што тоа е..

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 зборувајќи за евроинтеграцијата на земјата, истакна дека ниту таа, ниту нејзините сопартијци не ветиле дека во рок од мандатот Македонија ќе стане членка на ЕУ.


„Јас не сум ветила, ниту пак мислам дека било кој од моите колеги ќе ветил. Во 2017 кога дојдовме на власт, никој од нас не ветил дека во рок од мандатот ќе станеме членка на ЕУ, затоа што тоа е невозможно. И затоа што за четири години, тој процес, и да го почнете, нема да стигнете да го завршите“, изјави Шекеринска.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838