„Во Битола средбата со градоначалничката ја организираше Кирацовски, а секретарот на општината...


„Во Битола средбата со градоначалничката ја организираше Кирацовски, а секретарот на општината лажно се претставуваше“, рече Боки 13

Средбата која се одржа во Битола ја организираше Александар Кирацовски и на истата имаше неколку присутни лица, истакна Бојан Јовановски денеска на рочиштето за „Меѓународен сојуз“ во Кривичниот суд.


„Беше градоначалничката Наташа Петровска, секретарот на општината кој лажно се претставуваше и едно лице од ПР службата“, рече Јовановски во своите воведни зборови.

Јовановски вели дека зад проектот стои локалната, но и извршната власт.


Додаде дека не само со општина Битола, туку и со други општини и државни институции биле потпишани меморандуми за соработка.


извор: ТВ 21

29060043_2016680208590936_36926234558838