Што договори Наташа Петровска на тајната средба во Општина Битола со Боки13 и Кирацовски?


Госпоѓо Петровска, Зошто додека си играте обвинети, обвинители и судии, не’ дефокусирате со завршни сметки на училишта кои не работат 14 месеци т.е. не прават трошоци и додека се занимавате со пренамена на средства за улици во последните 4 месеци од мандатот, ние сакаме одговори на следниве прашања: Госпоѓо Петровска, Градоначалничке во обид и во заминување. Битолската јавност заслужува да биде информирана во кое својство се појавивте во кривичниот суд во Скопје за случајот “ИЗГРАДБА НА СТАРСКИ ДОМОВИ” во кој обвинет е Боки13 ? Дали Вие сте дел од криминалната мрежа во која се переле пари ? Дали е точно дека средбата меѓу вас , Боки 13 и Кирацовски е направена во Општина Битола, тајно и нетранспарентно и дека за таа цел сте ги ослободиле вработените од општината да си одат дома за да не ве видат и да не можат да сведочат за средбата? Дали Кирацовски и Петровска ветувале старечки домови ? Ако е така, објаснете зошто средбата беше тајна и кои проценти ги договаравте за вас, од изградба на старските домови? Со какви дополнителни докази располага одбраната која тврди дека има аудио и видео докази ? Дали во тие дополнителни докази можеби се скриени доказите во кои заедно со вашиот сопартиец Кирацовски тогаш во улога на генерален секретар на СДСМ му имате ветено на БОКИ 13 нешто што е спротивно на законот и затоа истите се одбиени од судот? Изјавивте дека сте интервенирале во ОЈО Битола да не стои во фиока вашата кривичната пријава за легализацијата на планинарскиот дом Копанки, легализација за која и вие како советник гласавте и бевте едногласни Копанки да се легализира. Дали тоа значи дека вашето катастрофално работење и лош рејтинг од 1,4 на следните локални избори ќе го дефокусирате со нови кривични пријави, обвиненија и пресуди против поранешни наши функционери од ВМРО ДПМНЕ и дека немате намера да прекинете со политичкиот прогон против ваши неистомисленици? Дали тоа значи дека ОЈО Битола работи по директива на СДС од Битола? Дали мислите дека ОЈО од Битола повторно ќе ви се стави на располагање и ќе го заташка криминалот што сте го направиле злоупотребувајќи ја надлежноста и функцијата која ја добивте со измама, уцени и лажни ветувања?

Васко Мавровски - портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838