Јовановски: Најлесно е да се зголемат даноците и да ги оптовариш тие што плаќаат


Најлесно е да се зголемат даноците, потешко е да се бориш против сивата економија, вели Зоран Јовановски, Главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија. Додава дека така ќе се оптоварат повеќе тие кои плаќаат данок. Академик Таки Фити, вчера во друштво на министерот за финасии Фатмир Бесимиизјави дека треба да се размислува за мала прогресија. Претходно СДСМ на чело со екс министерот Драган Тевдовски, партија чиј потпретседател беше и Јовановски, воведе прогресивен данок но се повлече од идејата и го стопираше.


„Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се потсреди па после да се размислува за нови или повисоки даноци, вели Јовановски.


29060043_2016680208590936_36926234558838