Битола претворена во трето разредна паланка (ФОТО)



Битола си тонe во ЕКО катастрофи! Да, ќе речете презафатени се со уредувањето на инфраструктурата во Градот! Во кој Град?Во Хаос-Градот?! Сите улици се ископани, со години оставени, несредени нема ни една нова зелена површина. Пешаците не знаат каде да се движат, по тротоарите или на улица?! Централното градско подрачје, А зона!!!

Хигиената на градот е на многу ниско ниво. Од друга страна Овие места, пред Шумското и на Партизанска, не се толку атрактивни како мостО кај Буковски ливади за да стават 2-3 шајки? Овде треба малку повеќе.

Магазата во центарот на Битола претворена во депонија

До каде сме со потребата за ЧИСТ ВОЗДУХ? Пред избори, градоначалничката Наташа Петровска барше пречистителни станици, филтри, зеленила, а сега кога е на власт мерните апарати за мерење на загаденоста на воздухот ги прогласи за расипани, и никако да ги поправи или да набави нови.


Во продолжение погледнете ја фотографијата испратена до нашата редакција во кој може да се забележи облак од прашина над Битола.



29060043_2016680208590936_36926234558838