ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: После 4 години власт на СДС им текна дека во Битола има улици за асфалтирање


Почитувани граѓани,

Наташа Петровска, градоначалничката во обид, која цел свој мандат го помина буквално седејќи (понекогаш стоејќи на глава) во фотелјата во општинската зграда, сега, на четири месеци пред избори, заедно со своите советници се ставија во улога на "загрижени битолчани" и преку ноќ одлучија парите кои не ги искористија поради незнаење и некреативност да ги пренаменат, замислете, за реконструкција на нови улици. Да ги потсетиме дека сите досега реконструирани улици кои им биле во план да ги сработат се или недовршени или повторно ископани поради десетиците пропусти на изведувачите кои Петровска ги избрала "транспарентно" да ја "разубават" Битола. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше против оваа пренамена бидејќи сметаме дека на ваков начин СДС со народни пари си започнува кампања за локални избори. Зошто почитувани дури сега, пред заминување, се сетивте на битолските улици? Зошто цело ваше владеење го посветивте на напади на минатото? Зошто цел мандат изигрувате жртви и за се го обвинувате ВМРО-ДПМНЕ? Дали сметате дека битолчани сеуште ви веруваат? Зошто ја навредувате интелегенцијата на битолчани кои одамна ги прочитаа вашите провидни планови? За Битола повторно да биде градот со кој се гордеевме треба многу повеќе од популизам и една група на луѓе изгубени во времето и просторот. Доаѓа време за промени, во следниот период ќе видите како и на кој начин се решаваат проблемите во Битола, а за вас одговорност ќе има! Заедно со нашите сограѓани ќе го обоиме сивилото кое го надвиснавте над нас и знаете зошто?

Оти БИТОЛА Е ГРАДОТ!


29060043_2016680208590936_36926234558838