Мијалков три пати ја зголемувал гаранцијата, а обвинителството “омекнало” кога сумата стигнала до 10

За неполн месец, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поднел три гаранции за замена на притворот, односно уште пред советот во Кривичниот суд да донесе одлука, доставувал нови предлози со повисока сума.


Па така, како што дознава “Фокус”, тој прво доставил гаранција од 1,5 милиони евра, а обвинителот Артан Ајро дал негативно мислење. Пред да одлучи судот, Мијалков поднел нов предлог, од 7,5 милиони евра, за кој ексклузивно објави “Фокус”. Но и оваа гаранција обвинителот не ја прифатил. Потоа набрзо гаранцијата расте до 10,8 милиони евра, по што обвинителот “омекнува” и дава позитивно мислење Мијалков да излезе од “Шутка” и да се брани од слобода.


Ова може да се заклучи од денешното образложение на судот со кое ја известуваат јавноста дека сепак гаранцијата не се прифаќа и Мијалков останува во притвор.


-Ја известуваме јавноста дека јавниот обвинител по поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција на 18.05.2021 година даде мислење да се уважи предлогот, но претходно на 22.04.2021 година и 04.05.2021 година до судот има доставено мислења да се одбие предлогот за укинување на мерката притвор со предложената гаранција, информираа од судот.


Од судот потенцираат дека се уште постои опасност Мијалков да избега. Сепак оваа решение не е правосилно и екс директот на УБК може да се жали на Апелација.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838