АЛБАНСКИ МЕДИУМ: Царовска, Маричиќ и Груби примиле вакцини преку ред!


Бојан Маричиќ, Мила Царовска и Артан Груби се вакцинирале преку ред – пишува албанскиот медиум News 1.

Додека умираат незаштитени граѓани, високи функционери се вакцинирале, пишува албанскиот портал. Во Македонија во официјалниот редослед е прво да се вакцинираат здраствените работници кои сеуште не се вакцинирани. За сметка на тоа, како што пишува албанскиот медиум, се вакцинирале овие министри.

Слични гласини за ВИП-Вакцинација има и на Балканот, а последните денови такви информации доаѓаат и од Македонија, која е негативен лидер на црните ковид-статистички листи на светско ниво, според бројот на заразени и починати. Земјата истовремено ја тресе скандал и за сомнителни обиди за набавка на вакцини преку посредници за дупло повисока цена.

Во оваа земја се шпекулира дека ВИП-Вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби.

Македонија е земја во која и покрај бројните ветувања дека вакцинацијата ќе почне во јануари, февруари и март, владата и министерството за здравство се уште имаат набавено само 3000 вакцини од Русија, а претходно добија донација од 8 илјади вакцини од Србија, со што е меѓу последните земји во Европа според бројот на вакцинирани лица, а денес излезе и информацијата дека и тие малку вакцини се потрошени и не се знае кога ќе дојдат следните. – пишува News 1. Инаку, власта сеуште ја држи како класифицирана информација, информацијата за тоа кој се вакцинирал.


lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838