ЈОСИФОВСКИ: Младите се на маргините во Битола каде се акциските планови и младинскиот центар


Почитувани,

Со донесување на законот за младинско учество и младински политики, чија цел, требаше да биде зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младински активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите. Во изминатите неколку години гледаме само уназадување на правата на младите.

Со новиот закон, Владата и општините се обврзани да донесат стратегии за млади со посебни акциски планови, а општините се задолжуваат да формираат канцеларии за млади и младински центри и да одредат службеник за млади. Сето тоа ќе бие во склоп на посебни сервиси за млади кои ќе произлегуваат од законот.

Ја прашуваме локалната самоуправа до каде е процесот за донесување на стратегиите и акционите планови и до каде е функционирањето на младинскиот центар на територијата на општината?

Во моментов младите во Македонија се на маргините на општествениот развој.


29060043_2016680208590936_36926234558838