БУГАРСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ШВАЈЦАРСКО СИРЕЊ: Бугарија била цел на paзузнувачки aкции поради Македонија

Бугарскта Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) оценила дека лани странски разузнавачки служби работеле против Бугарија заради нејзината позиција да ја брани историската вистина во спорот со Македонија.


Повикувајќи се на извештајот на Државната агенција за национална безбедност за минатата година, БГНЕС пренесува дека „во 2020 година се активираа акциите на некои странски специјални служби како дел од сеопфатниот напор за маргинализирање на бугарските позиции во областа на надворешната политика, поврзани со одбраната на нашите национални интереси преку елемент за градење држава, како што е јазикот, како и во однос на нашата историја и култура “.


НС предупредува дека „продолжува активноста за поддршка на политиката за асимилација кон бугарските заедници во странство во согласност со странските национални доктрини“.

Њуз.бг пренесува дека 2020 година ја „обележа“ со спорот меѓу Софија и Скопје поради неподготвеноста на Македонија да го почитува Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година.



Извор: Експрес

29060043_2016680208590936_36926234558838