Обвинителство: Прифатливо е Мијалков да се брани од слобода за кауција од 11 милиони евра

Ексдиректорот на УБК е во притвор за „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор, покрај тоа што е првостепено осуден и за „Тергет-Тврдина“, а против него се водат постапки и за други случаи По информацијата дека денеска Кривичниот суд ќе одлучува дали Сашо Мијалков ќе излезе од притвор, поради понудена милионска гаранција, од Обвинителството и официјално потврдија дека дале согласност да се брани од слобода, бидејќи понудил гаранција од речиси 11 милиони евра. Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, одговорија за „Фокус“ од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838