Изгopea тeлeфoнитe: Cyдoт нe дoзвoлyвa дa ce пyштaaт cнимкитe зa Заев

Повеќе од половина час, наместо 15 минути како што беше најавено, судечкиот совет одлучуваше дали во Кривичен ќе се пуштаат снимки за Зоран Заев, Наташа Петровска и Стефан Богоев.


Постојат сериозни сомнежи за притисок врз судечкиот совет поради одолговлекувањето на одлуката која на крајот беше негативна, односно УСБ-то на кое се наоѓаат снимки за Заев.

Судијката образложи дека УСБ-то е неприфатливо како доказ бидејќи не се знае што има на него и дека веќе бил утврден редоследот на доказ. Според судијката обвинетите сакале да го злоупотребат судот.


Во моментов во судот сведочи Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош.


Како што претходно напоменавме постојат и снимки за Богоев, а на една од снимките се слуша како Владата е спремна да вложи милиони во проектите на Бојан Јовановски.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838