Костов за погибjeто на Борис Трајковски: Тој ден само авионот на Трајковски требало да слета



Во денешната епизода од емисијата Неделен брифинг, Сотир Костов зборуваше за атентатот на поранешниот претседател на Република Македонија кој трагично загина во авионската несреќа. Костов беше истражител во тој случај, односно во втората комисија.


„Има два извештаи за таа несреќа, една на првата комисија. Јас учествува во втората комисија. Но има и трет извештај, содржан само од докази, аргументи и факти за да се отвори втората истрага. Накратко, ако објаснувам би бил непрофесионален, а кога објаснувам за мојата професионална работа многу професионално се поставувам. Јас само вака ќе ви кажам. Снимен е филм. Еден филм требаше да се снима, одобрените средства ги повлече оваа Влада. Работиме на сценарио, режија и на документарен филм со премиси на игран филм каде што ќе ја кажеме целата вистина за погибјете на нашиот претседател Трајковски, а еве ги глобално причините. Голема негрижа на Владата на Република Македонија во тоа време, секторот за одржување на воздухоплови, каде што не биле вработени професионални пилоти, туку пилоти со хонорарни договори, слаб тренинг, неодржување професионално на воздухопловот, отсуство на конторла која е задолжителосто според САБС и според стандардите од страна на агенцијата за воздухопловство кон тој сегмент на воздухопловство, а тоа е заедничката служба при Владата и секторот за воздухопловство и неисправната опрема за навигација во Мостар и неправилната рута за слетување која била за воени летала, а не за граѓански летала. Тоа е вистината. Не дојодовме до странски служби, туку дојдовме до незаинтересираност за вистината да излезе на виделина. Во тоа предничеа КФОР, НАТО и Франција бидејќи нивни делови од контингентот на тој одред беа таму. Не сакаа да соработуваат со комисиите кои го истражуваа погибието на Трајкосвски и претпоставувам дека таму некаде, евентуално во такви служби се кријат и мотивите и причините за погибјето на Трајковски.“, објасни Костовдодавајќи дека не се работи за вмешаност на никакви странски служби, туку неисправна опрема за слетување, и тоа е она што Европа го крие од македонскта јавнсот.

Тој додаде дека во тој период директор на Службата за општи и заенички работи во тој период бил Горан Минчев. Исто така, министерот за финансии Гошев не одговорил на десет барања за одржување и сервисирање на воздухопловот, министерот за одбрана Бучковски кој требало да ги преземе авионите, а не ги преземал.


„Затоа Црвенковски престана да се вози со тој воздухоплов, за жал Трајковски продолжи, и за жал, му се случи тоа што ми се случи“, истакна Костов.


Костов ексклузивно за гледачите на Инфомакс откри дека само авионот на Трајковски тој ден слетал во Мостар, додека другите делегации слетале во Сараево и Дубровник.


„Тој ден само тој авион слетал во Мостар, а сите останати отишле на Сараево и Дубровник и со ескорти си дошле во Мостар. Зошто само Трајковски и зошто само нашиот авион?


Верувајте, во овој простор, повеќе не можам да ви кажам“, открива Косотв.


Во однос на информациите дека Доста Димовска располагала со информации пред полетувањето во Мостар, Костов истакна дека тој поседува со оригинални документи на трите безбедносни служби кои месечно држеле трилатерала.


„Располагам со оригинални документи на трите разузнавачки, безбедносни служби, кои месечно држеле по еднаш трилатерала. Тие разгледуваат информации и потоа ги доставуваат до претседател на државата, претседател на Собрание и претседател на Владата. Пред да се случи несреќата имало некои укажувања за можни работи што може да му се случат на претседателот. Несериозно службите се однесувале“, открива Костов, додавајќи дека Груевски е единствениот кој се залагал за вистината, другите се однесувале несриозно.


„Го имам оригиналниот записник од Советот за безбедност каде што небулози се кажувани, а единствено за вистината се залагал Груевски како птретседател на опозицијата. Другите се однесувале несериозно кога кажале дека немаме безбедносни служби кои не можат во Босна да го најдат авионот а ние сме мале најмалку три такви служби, полициски и воени, обучувани од Швајцарци, Германци, Израелци Американци и слични. Но кога Црвенковски го прашал Генералот Стојановски, тој рекол дека немаме и затоа 24 часа авионот е недостапен, а дотогаш, верувајте, некои работи… НАТО занете како работи? Кога ќе му се случи нешто за што е надлежен, тој ги затвара сите приоди, си врши своја истрага, потоа се повлекува“, изјави Костов.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838