Bладата ќе основа „АГЕНЦИЈА ЗА КАНАБИС“



На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.


За координатор на работната група е назначен Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, а во неа ќе членуваат и ќе добијат покана за учество следниве институции и чинители:


– Претставник од кабинетот на премиерот;


– Претставник од Министерство за здравство;


– Претставник од Министерство за правда;


– Претставник од Министерство за внатрешни работи;


– Претставник од Здружение на токсиколози;


– Претставник од Здружение на педијатри;


– Претставник од Здружение на онколози;


– Претставник од Здружение на млади фармацевти;


– Претставник од Здружение на млади кривичари;


– Претставник од Хелсиншки комитет за човекови права;


– Претставник од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје;


– Претставник од Коалиција маргини;


– Претставник од здружение Операција Ослободување;


– Претставник од Здружение за канабис и зелени политики Билка;


– Претставник од НВО коалиција Канабис институт Пелагонија;


– Претставник од Национален младински совет на Македонија;


– Претставник од Мак канабис, здружение на производителите на медицински канабис;

Мандатот на работната група ги опфаќа следните прашања поврзани со регулација на производство и употреба на билката канабис:


– Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба;


– Декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба;


– Разгледување можности за основање и работење на социјални клубови;


– Зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис;


– Дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препарати од канабис и можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба (орално, преку инхалација или преку супозитории);


– Основање на Агенција за канабис;


– Формирање Фонд од давачките/даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат кон државата, со цел поддршка на проекти од општествен интерес во сферата на лекување на ретки болести, медиуми, медиумски работници и продукција на домашни медиумски содржини, граѓанското општество, културата и спортот, како и за поддршка на работата на Агенцијата за канабис.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838