Видео I Гepмaнcкaтa амбacaдорка во Maкедонија пpoговоре албaнcки – Ja зaпeчaти двojaзична Maкедонија


Повеќе од половина дипломатски кор во Република Македонија вчера присуствуваше на пречекот на 24 илјади дози од вакцината на АстраЗенека во Македонија.


Меѓу нив се најде и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Главната порака која Холштајн сакаше да ја испрати ја кажа на македонски јазик, дека и е мило што конечно пристигнаа првите дози вакцина преку Ковакс системот во Македонија, но би посакувала истите да пристигнеа три месеци порано.


Она што ја шокираше македонската јавност е фактот што германската амбасадорка проговоре албански со што во најмала рака го прекрши дипломатскиот бон-тон имајќи во предвид дека колку што сите знаеме официјален јазик во Македонија се уште е само македонскиот јазик.

извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838