Фудбалерите на Македонија денес го имаат првиот тест на својот пат кон Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација вчера го одржа последниот тренинг пред првиот натпревар на „Националната арена“ во Букурешт, каде вечерва ќе ги одмери силите со Романија. Македонија вечерва ќе ги стартува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022, а прв противник ни е Романија, селекција на која и гостуваме. Натпреварот ќе се одигра на „Националната арена“ во Букурешт со почеток во 20:45 часот, а истиот нема да биде достапен на јавниот сервис МРТ или друга македонска телевизија, туку ќе го гледаме на каналите на „Спортклуб“

На истата фудбалска арена, на 13 јуни го играме првиот историски меч на едно Европско првенство, а ќе ги одмериме силите и со Украина.




извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838