“Патот до пропаста” – Километарски колони за предавање на “жолтото злато” за “без пари”


Километарски колони за предавање на “жолтото злато” за “без пари” – “Патот до пропаста” трасиран од неспособните власти за кои земјодеците се последни на листата “за живот”

Овие денови за жал сликата на откупните пунктови за тутун во Битола изгледаше како во едно тажно време во транзицијата во 90те години кога земјоделците беа третирани како “граѓани од втор ред”.

Да, токму така, “граѓани од втор ред”, потценети, измачени, понижени, изгорени од сонцето и ветерот, без сон, со последни сили го произвеле своето “жолто злато” и сега им е “одземено” за “без пари”.

Колони долги неколку километри од возила натоварени со “жолто злато” кои чекаат со часови и денови да се откупи вишокот тутун на тутунопроизводителите од пелагонискиот регион за симболична цена која не ги задоволува ни производните трошоци.

До кога оваа слика ќе биде секојдневие за пелагониските тутунари?

До кога владата ќе ги залажува тутунопроизводителите дека секој килограм тутун ќе биде правилно оценет и платен ? Прашањето е каде се мешовитите комисии, каде се земјоделските инспектори, каде се “претставниците” на тутунските здруженија? Или сите во една “неформална коалиција” на грбот на тутунопроизводителите да им се откупи тешко произведениот тутун за непристојно ниски цени. Дали некој се запрашал колаква е грутката на срце кај домаќинот кога и соопштува на сопругата дека нивната мака е откупена за без пари. А работеле од 5 наутро со месеци ливче по ливче. Како да и каже дека катранот под ноктите не го носела со себе со месеци за на крај некој буквално да им ја загрози егзистенцијата на нивните скромни семејства. Кој се обиде да ги заштити овие измачени луѓе? Кој? Владата со неконтролата на количините за слободен увоз на тутун? Владата со никаква иницијатива за привлекување на нови инвеститори во тутунската индустија? Владата со маргинализацијата на улогата на земјоделските инспектори?


Претставниците таканаречени “повереници’ од здруженијата кои мудро молчеа за да им се откупи нив и на нивните блиски некое кило повеќе по добра цена?


Во меѓувреме ќе остане само надежта на земјоделците за некое подобро утро, кога ќе блесне “новото сонце на слободата” и ќе го огрее “жолтото злато” во сиот свој сјај, зошто само сонцето наше македонско има доволно топлина да ја стопи грутката на срце.


Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838