Maкeдoниja соочена со eмбapгo од Светска Банка поради нивото на кopyпциja


Драго Кос,шеф на работната група за справување со корупција и меѓнародни трансакции при ОЕЦД (Светска Банка) остварил тајна средба со неколкумина бизнисмени од Македонија, но и Владини претставници најавувајќи отворање на истрага за висока корупција во земјава, што пак ја става Македонија на брза лента кон меѓународна трговска и финансиска изолација.


Кос во Македонија пристигнал на 21.март годинава, а остварил средба со сопствениците на „Кубус инженеринг“ Златко Тодоровски и Трифун Костовски, сопственик на пропаднатата „Еуростандард Банка“.


„Точно е дека Драго Кос дојде во Македонија, и тоа на моја покана.“ – вели Костовски за Инфомакс, додавајќи дека Кос бил заинтересиран за отворање на истрага во врска со високата корупција во Македонија која потекнува од интересите на неколку банкарски институции во земјава.


„Драго Кос оствари и средби во Владата, поточно со Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата на која, според моите информации се упатени доста сериозни пораки и предупредувања“, тврди Костовски за Инфомакс.


Неофицијално, на средбата со Николовски присутна била и Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“, која не беше достапна за коментар.


Од владата демантираат дека Кос остварил средба, додека од НБРМ тврдат дека тие немаат информација за официјална средба со претставници на Народната банка, но не коментираат дали некој остварил неофицијални средби со словенечкиот антикорупционер.

„Народната банка нема официјални информации за споменатата посета на г. Драго Кос. Претставници на Народната банка, во текот на овој месец не учествувале на состаноци со г. Кос.“ – велат од НБРМ.


Од Влада објаснуваат дека Драго Кос не бил на листата на гости кои влегле во периодот од 21.март до 23.март.


„Личноста за која прашувате не е на листата на гости од странство со кои претставници на Владата на Република Северна Македонија имале средби во посочениот период.“ – стои во одговорот на прес-службата на владата.


За посетата на Драго Кос на Македонија потврди и сопственикот на „Кубус“ Златко Тодоровски, кој вели дека борец против корупција како Кос ретко се наоѓа во светски рамки.


„Кос дојде во Македонија по пријава од Македонска невладина организација.“ – вели Тодоров, додавајќи дека во Македонија ретко се знае за секојдневната борба поритв корупцијата.


Kај нас свесноста дека таква борба секојдневно се води е мала, да не кажам дека не ни знаеме дека некој во светот секојдневно е во први редови и дека за тоа постојат сериозни организации кои придонесуваат да се санкционира криминалот, посебно криминалот на белите крагни. Како жители на Македонија, треба да им оддадеме поголема почит на тие борци.


„Кос го интересираше пријавата која подолго седи во Обвинителството на Македонија, до денес 9 години. Всушност има три пријави, до кои ние како пријавители немаме пристап бидејќи од материјалите кои ги доставивме до МВР и ФП, органите на прогон по повеќегодишна работа поднесоа Кривични пријави против правни и физички лица, меѓусебно роднински, капитално и управувачки поврзани со цел да остварат за себе противправна имотна корист. Тие пријави седат, па најстарата 9 години во ОЈО. Доказниот матеијал кој го имавме и кој произлегува од документи достапни на секој граѓанин, го предадовме на високиопт официр на ЕУ за борба против корупцијата . Всушност разговаравме да се испита криминалот во банкарскиот сектор во РМ.“ – вели Тодоровски.

Тодоровски додава и дека Кос добил обемен материјал и голем број на докази во врска со банкарски криминал во Македонија.


„Материјалот е детално разработен во тек на скоро две години. Заклучоците се поразителни за нашата Држава. Затоа велам, Кос не кажа ништо, кажаа доказите. Се работи за штета сторена кон Кубус во висина од преку 22.000.000 ЕУР. Се знаат сторителите, се знае точно модусот со кој се истиснати парите во навидум легални трансакции. Низ документите има докази од Центалниот регистар на РМ преку кои може да се види како, на пример Кмерцијална банка постапила во стечајот на комбинатот Го Дел, како се обезбедени средства, на недозволен со закон начин да се купат акции во Европа АД.“ – вели Тодоровски.


Ме прашавте и за други средби. Не би сакал да излегувам од фактите со кои јас располагам , но мислам дека Кос се заинтересира и за настаните во Еуростандард банка, објаснува сопственикот на „Кубус“.


„Банката се јавува во истрагата која ја водеше тим од експерти некаде во ЕУ за предметот на Кубус, па настаните со стечајот на Еуростандард банка предизвика дополнителен интерес. Мое мислење е дека во таа банка повторно организатор на истиснување на парите е Комерцијална банка, а НБРМ не е само нем сведок. Но тоа е мое мислење, нели. Инаку НБРМ е запознаена, Гувернерката е запознаена со постоење на Извештај изготвен од една од најреномираните ревизорски куќа, во кој не е пофалена работата на Комерцијална Банка. Но за тоа во друга можност.“ – тврди Златко Тодоровски.


Од она што неофицијално „Инфомакс“, вицепремиерот Љупчо Николовски добил сериозно предупредување и упатство во најкраток можен рок да бидат превземени соодветни активности за сузбивање на овој вид на корупција која го загрозува целокупниот платен промет во државата, но и финансиската и монетарна стабилност во Македонија. Во спротивно, од Кос било предочено дека доколку ваков извештај биде составен и официјално предаден на органите на Еворпската Унија, Македонија би се соочила со загрозување на меѓународните трговски и финансиски текови – или што во народен речник би се нарекло, ембарго.


Драго Кос е истражител со долгогодишно искуство. Како шеф на ГРЕКО учествуваше во истрагата против Иво Санадер и Мило Ѓукановиќ. Кос водел и успешни истраги во Бразил, Аргентина, Русија, Италија и важи за еден од најискусните и најрелевантни светски истражители на корупција.


А.Митовски



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum