Цените ќе растат, примањата ќе се намалуваат: Најавено зголемување на ДДВ и персоналниот данок

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, беше директно запрашан кога општините може да очекуваат повеќе пари, а рече дека Владата има план за зголемување на даноците, вклучително и ДДВ, но и персоналниот данок. Според Бесими, ова ќе започне да се реализира од 2022 година, за да продолжи во 2023, 2024 година и во зависност од процентот во 2025 година.

– Ако има зголемување на даноците, и на ДДВ и на персонален данок, што ќе произлезе од анализата, имаме некои проценки. Заедницата за локална самоуправа (ЗЕЛС) има неколку проценки за нив, како и за работната група што е формирана во владата, во која членуваат ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии,


Министерството за политички систем и други оддели, тие имаат заеднички точки, всушност ќе се појави предлог за кој ќе разговараме поконкретно на ниво на бројки и динамика, рече Бесими.


извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838