35 милиони евра од концесионерот ТАВ за карго аеродром во Штип, Владата ги распредели на 75 општини

Владата ги соопшти деталите за одлуката за распределување на парите од концесионерот ТАВ кои беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип.


Со 35 милиони евра од проектот кој вкупно тежи 50 милиони евра, Владата одлучи да инвестира во 99 инфраструктурни проекти во 75 општини.


Во Охрид ќе се санира крајбрежјето, во Кичево ќе се гради Центар за кучиња скитници, во Шуто Оризари ќе се гради атмосферска канализација, во Струга ќе се санираат некои патишта, во Чаир ќе се санира водоводната и канализациската мрежа, итн. Одлуката за распределување на средствата е донесена по анализата дека нема економска корист за аеродромот Карго во Штип.

„Градот Скопје од овие средства ќе има на располагање вкупно 6 милиони евра за реализација на два големи проекти, проектот за изградба патот во Момин Поток и проектот за изградба на мост во населбата Карпош. Проектите се предвидуваат да се спроведат и во други општини што се во рамките на градот Скопје, како што се општините Сарај, Бутел, Карпош, итн. Над 1 милион евра ќе бидат доделени на општините; Тетово, Шуто Оризари, Кичево, Штип, Чаир, Струмица, Струга, за проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните“, рече Мухамет Хоџа, портпарол на Владата.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum