33 илјади лица од невработените во Македонија имаат високо образование

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1.

Од вработените 471.739 лица биле од машки пол, а 317.813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93.674, а на невработени жени 58.289. Од невработените дури 32.971 лице се со завршено високо образование.

Инаку, статистичките податоци покажуваат дека во последниот квартал од 2020 година се зголемила невработеноста токму кај категоријата „млади“, која и во минатото имаше најголем број на лица без работа.

Стапката на невработеност на лицата од 15 до 24 години во периодот октомври-декември 2020 година се зголемила на 39,2 проценти, споредено со 35,1% што биле забележани во истиот квартал од 2019 година.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838