13 факти за животните што ќе ве зачудат

Нема потреба да одите во друга галаксија за да бидете возбудени затоа што сте сретнале нови и чудни суштества. Сè што треба да направите е да ја истражите фауната на нашата планета. Природата никогаш не престанува да се развива и ние сè уште не сме свесни за новитетите на еволуцијата. Во продолжение ќе научите нешто повеќе за чудата на животинскиот свет.


1. Некои зоолошки градини им даваат на своите посетители очила како овие. Тие се дизајнирани да имитираат страничен поглед и да не предизвикуваат чувство на непријателство кај горилата

2. Прериските кучиња се бакнуваат со цел да се поздрават едни со други и да откријат дали сè е во ред

3. Ласиците често ловат плен што е неколку пати поголем од нив и дневно можат да јадат количина на храна што е еднаква на една четвртина од нивната телесна маса

4. Рибите од видот Notothenioidei живеат во водите на Антарктикот кои се многу ладни, но другите риби не се во можност да живеат во такви услови

5. Арктичките зајаци се најголемите зајаци во Северна Америка. Нивните уши се премногу кратки во однос на големината на нивното тело

6. Перитофталмусот е еден вид риба што може да најде храна во тињата за време на ниските плими и може да се искачува на дрвја

7. Јапонските истражувачи откриле дека очите од китот-ајкула се прекриени со заби

8. Големата пиштарка може да остане во воздухот повеќе од половина година без да слета на земја

9. Духови-ракови се група ракови кои живеат во тропските и суптропските крајбрежни региони ширум светот и ги користат забите на стомакот за да ги исплашат непријателите

10. Постојат топки мов кои мигрираат низ Арктикот, управувани од некоја непозната надворешна сила

11. Патките сакаат да сурфаат. Тие го прават тоа за да фатат повеќе ракови

12. Ова е јужноазиски речен делфин. Речиси е слеп и се води низ просторот со помош на ехолокација

13. Дали некогаш сте размислиле зошто забите на крокодилите се толку бели? Тие се менуваат до 50 пати во текот на животот

извор: kafepauza.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum