Четири златни правила на успешните претприемачи

Никој во училиште не учел за претприемаштво и и претприемачки вештини. Тоа е нешто што не може целосно да се научи на училиште без оглед колку е квалитетна училишната програма зато


а што не постои предмет кој може да ве подготви за сите подеми и падови.

Бил Грин, претприемач и автор на книгата „All In: 101 Real Life Business Lessons for Emerging Entrepreneurs“, раскажува за своето лично искуство за порталот „Inc“. „Во текот на 1977 година бев само момче кое почна со работа на пазар на старо со својот татко како деловен партнер. Во завршната година од средното училиште купивме продавница за железо и го проширивме бизнисот. Еден ден му кажав на татко ми дека би сакал да се обидам на колеџ. И на еден час по бизнис-менаџмент професорот ме запре и ме праша: ’Доаѓаш на факултет во костум?‘ Му објаснив: ’Имам заеднички бизнис со мојот татко. По часовите одам да продавам‘. Потоа професорот ме праша дали би разговарал со луѓето од часовите за продажба. Прифатив. Подоцна дознав дека мојот професор никогаш не водел бизнис поголем од една локална продавница. А таму до него стоев јас, кој работев како пес само за да ги платам тие часови. Почувствував дека школото нема да ме научи на ништо важно што сакав да научам. Затоа и заминав. Не разбирајте ме погрешно, не велам дека не треба да одите на факултет. Но сметам дека факултетот е меч со две сечила. Секој што ја знае мојата приказна и бизнисот што го создадов, знае дека постигнав успех во различни индустрии. Исто така, попатно неколкупати имав и неколку неуспеси. Не тврдам дека сум сезнајко и дека можам да ви помогнам да го претворите вашиот бизнис во „Епл“ преку ноќ. Тоа никој не може. Меѓутоа, она што ми помогна да постигнам успех е фактот дека сум само љубопитна, одлучна личност која знае да се приспособи на предизвиците. Сè научив на улица, зборувајќи со клиентите, чукајќи на вратите... Не ви требаат мастер-студии за да го работите она што јас го работам. Всушност, воопшто не треба да трошите пари за да ги научите овие лекции.“ 1. Секогаш бидете точни. Без оглед на сè Ова може да звучи логично, но ако сакате да постигнете некаков сериозен успех во животот, не би смееле да доцните. Освен што е професионално, тоа исто така е и добра навика. Точноста им покажува на вашите клиенти и деловни партнери дека поседувате интегритет. Покажува дека вие сте личност на која можат да сметаат. 2. Бидете позитивни и насмевнувајте се Кој сака да биде опкружен со несреќни луѓе? Никој не сака да работи со луѓе што имаат лоши ставови. Бидете добри кон сите, цело време. Ќе бидете изненадени колку се важни рецепционерите, секретарките и другите вработени за вашиот успех. 3. Пронајдете ментор Менторите се вредни учители и често можат да станат вистински блиски пријатели. Тие се полни со знаење, трпеливост и подготвеност да го пренесат своето искуство. Сето тоа под претпоставка дека сте подготвени да учите. 4. Изгледајте успешно, однесувајте се како успешен човек, бидете успешни! Луѓето сакаат да соработуваат со успешни луѓе. Затоа и вие мора да се однесувате како да сте успешни. Мора да верувате во себе пред другите да почнат да го прават тоа.




извор: fakulteti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum