НИ "Б" ОД БИТОЛА - ЗАБОРАВЕТЕ ЈА ТАА СТАРА КОНЗУЛСКА БИТОЛА (ФОТО)

Градот се уништува што од политиката на централната и локалната власт кој ја држат Битола изолирана од сите големи проекти: гасификација, топлификација, патни автопатски делници, железничко поврзување со Грција до капитални проекти и други инвестиции во градот... ГРАДОТ ПОЛЕКА НО СИГУРНО УМИРА! Локалното стопанство згаснува повеќе не е ликвидно, чаршијата затвара, пазарите празни, дуќаните се издаваат, битолчани подолго време се соочуваат со економската криза.


Единствен спас и илзез младите гледаат во студентските визи за Европа и двојното државјанство да заминат со карта во еден правец. За тоа време локалната власт насмеана се фотографира и ужива во снегот кој ја затрупа Битола и помпезно атрактивно ги промовира капиталните проекти како "ЦРЕВОТО ВО КРАВАРИ", "МЕНУВАЊЕ УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ - СИЈАЛИЦИ", "СЛИВНИЦИ", "ПРОМЕНА НА ШАХТИ" и понекогаш се среќава со АМБАСАДОРИ, и толку од локалната власт тоа им е нивото.


Се ова се одразува на социјалниот и економскиот живот на граѓаните и последиците се повеќе кратно поштетни (колку е поголема економската и социјалната криза на граѓаните толку порпоцијално ќе биде поголем КРИМИНАЛОТ, ПАРТИЗАЦИЈАТА, и ДЕВИЈАНТНИТЕ ПОЈАВИ на граѓаните).


Сведоци сме на уништување и девијантни појави од страна на граѓаните во Битола подолго време, кршење на урбана опрема, автобуски стојалишта, а последно некој неодговорен започна да го уништува и новиот светлички симбол “Битола“ кој се наоѓа во паркот кај Сатот.



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum